ХАНА ДАУТ БЕАДИНИ

Успешно се здоби со титулата хафиза на Благородниот Куран

Денес, 17 ноември 2026 година, комисијата за хифз при Муфтиството на ИВЗ во Тетово, составена од хафиз Исмаил еф. Нухиу, хафиз Идриз еф. Османи, хафиза Елвира Халими и хафиз Реси еф. Даути, ја одржа последната сесија од испитот за хифз на кандидатката Хана Даут Беадини од селото Челопек, која со завршувањето на оваа сесија се здоби со титулата хафиза на Благородниот Куран.

Хафизата го заврши хифзот под водство на мухафизот Абдурахман еф. Аслани во Институтот „Мола Махмуд еф. Аслани“. Својот пат во учењето на Куранот напамет го започна на 5 декември 2024 година и успешно го заврши на 11 ноември 2026 година.

Муфтиството на ИВЗ во Тетово, предводено од муфтијата д-р хфз. Селвер еф. Џемаили, ѝ го честита примерниот успех на новата хафиза, молејќи го Семоќниот Аллах да ѝ помогне во продолжувањето на исламските студии.