УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА УШТЕ ЕДНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА!

Во просториите на џамијата во селото Џепчиште успешно се реализираше уште една хуманитарна акција за доброволно дарување крв, организирана од Муфтиството на ИВЗ во Тетово, Општинската организација на Црвениот крст во Тетово и Центарот за трансфузиона медицина во Тетово, на кои им благодариме за одличната соработка.

Посебна благодарност им упатуваме на имамот на џамијата, Амир еф. Амети, одборот и сите верници и неуморни волонтери кои учествуваа и го овозможија остварувањето на ова возвишено хумано дело.

Акцијата се одржа денес, петок, 30 октомври, по џума-намазот, од 13:30 до 15:30 часот, уште еднаш покажувајќи ги солидарноста и хуманиот дух на нашите жители.

Аллах нека ве награди сите за овој драгоцен придонес и нека им подари оздравување на оние на кои им е потребно!