Учениците од Големата џамија во Голема Речица успешно го положија испитот за хатме на Куранот.

Учениците од мектебот на Големата џамија во Голема Речица, Тетово, кои со голема посветеност учат кај муалимката Амина Селмани, на 19 октомври 2026 година, понеделник, успешно го положија испитот по повод завршувањето на целосното читање на Благородниот Куран.

Испитот опфаќаше проверка на читањето, учењето напамет и општите познавања од илмехалот. Испитната комисија ја сочинуваа референтите за образование при Муфтиството во Тетово, м-р Махмуд еф. Емини и м-р Џемил еф. Садики.

Муфтиството во Тетово им посакува на учениците многу успеси на свеченоста за хатме, како и напредок и бериќет во нивното понатамошно изучување на Куранот и верските знаења.

Свеченоста за хатме ќе се одржи на 08.11.2026 година, недела.