ХАТМЕ ВО ГОЛЕМАТА ЏАМИЈА ВО ГОЛЕМА РЕЧИЦА
Вчера, 08.11.2026 година, недела, во Големата џамија во Голема Речица, Тетово, се одржа верска свеченост по повод завршувањето на целосното читање на Благородниот Куран од учениците од мектебот кои ја следат веронауката во оваа џамија под водство на муалимката Амина Селмани.
Покрај џематот и семејствата на учениците, присуствуваше и референтот за образование при Муфтиството во Тетово, хфз. Абдирахим еф. Мурати, придружуван од шефот на кабинетот на муфтијата, референти на Муфтиството, оџи и други гости.
Во своето обраќање, референтот хфз. Абдирахим еф. Мурати ги поздрави присутните во името на тетовскиот муфтија, д-р хфз. Селвер еф. Џемаили, нагласувајќи дека работата со учениците и нивното воспитување се најголемото наследство што родителот може да им го остави на своите деца и дека тоа е дел од пратеничката традиција.
Програмата ја водеше референтот за образование, д-р Махмуд еф. Емини, а хатме-дуата ја прочита почитуваниот оџа Рамадан еф. Рамадани.
На завршувањето на програмата, благодарницата наменета за муалимката ја прими почитуваниот Мола Ејуп Селмани. Беа доделени и дипломи на учениците кои успешно го завршија читањето на Благородниот Куран, крунисувајќи ги нивната посветеност и ангажманот за време на учењето во мектебот.
Посебна благодарност беше упатена и до имамот, одборот и џематот за ангажманот, постојаната поддршка и гостопримството.
На учениците, Аллах нека им подари успеси и во иднина, а муалимката нека ја благослови со Своите добрини!




