ХАТМЕ ВО ЏАМИЈАТА ВО СЕЛОТО РАДИОВЦЕ
Денес, 25.10.2026 година, недела, во џамијата во селото Радиовце се одржа верска свеченост по повод завршувањето на целосното читање на Благородниот Куран од учениците од мектебот кои ја следат веронауката во оваа џамија кај муалимот Рејхан еф. Мемеди.
Покрај џематот, на манифестацијата присуствуваше и референтот на Муфтиството во Тетово, Идрис еф. Идризи, придружуван од оперативниот тим на Муфтиството, секретарот, референтот за култура и референтот за вакуф, како и оџи од Муфтиството, гости и други присутни.
Во своето обраќање, референтот Идрис еф. Идризи ги поздрави присутните во името на тетовскиот муфтија, д-р хфз. Селвер еф. Џемаили, нагласувајќи дека работата со учениците и нивното воспитување се најголемото наследство што родителот може да им го остави на своите деца и дека тоа е дел од пратеничката традиција.
Програмата ја водеше референтот за култура, м-р Џемил еф. Садики, а хатме-дуата ја прочита референтот за вакуф, Таџудин еф. Хамиди.
На крајот од програмата, на муалимот Рејхан еф. Мемеди му беше врачена благодарница во знак на почит за неговата работа, а на учениците кои го завршија читањето на Благородниот Куран им беа доделени дипломи. Посебна благодарност беше упатена и до имамот на џамијата, Есат еф. Мемеди, одборот и џематот за ангажманот, постојаната поддршка и гостопримството.
На учениците, Аллах нека им подари успеси и во иднина, а муалимот нека го благослови со Своите добрини!




